• петок, 08 ноември 2024

СВР Тетово: Се преземаат мерки кон сите прекршители

СВР Тетово: Се преземаат мерки кон сите прекршители

Тетово, 8 април 2024 (МИА) - По прес-конференцијата на Општина Тетово на која беше упатено обвинување до СВР Тетово за отежнување на собирањето на сметот во градот со контрола на камионите кои транпортираат смет, соопштение испрати и тетовската полиција.

-Секторот за внатрешни работи Тетово, во континуитет врши контрола и регулирање на сообраќајот така што се преземаат мерки при постапување по однос на Републички и Локални акциски контроли во врска со сообраќајни пропусти или технички нерегуларности спрема сите прекршители кои според план во МВР на РСМ се реализираат низ целата држава и во ниту еден случај тоа не било сторено посебно во едно СВР или пак за некој правен субјект или компанија, велат од СВР Тетово.

Според СВР Тетово во текот на минатиот месец при такви акциски контроли, кои се реализирани во сообраќајот на патиштата во Тетово биле констатирани дваесетина прекршоци.

-Констатирани се прекршоци за технички неисправни возила со разни неисправности како што се неисправни уреди за кочење, уреди за управување, уреди за осветлување на патот, состојба на стаклата, управување возило со несоодветна категорија во возачката дозвола, без возачка дозвола, или нерегистрирани возила од јавни претпријатија како што се; јавен транспорт на патници, претпријатија за јавна чистота и други претпријатија кои гравитираат во подрачјето на СВР Тетово, информираше полицијата од Тетово. ас/дма/

Фото : МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан