• сабота, 16 ноември 2024

СВР Тетово изрече над 4.000 мерки за непрописно паркирање во изминатите девет месеци

СВР Тетово изрече над 4.000 мерки за непрописно паркирање во изминатите девет месеци

Тетово, 15 октомври 2024 (МИА) - Над 4.000 мерки се изречени во изминатите девет месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 2.500 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, информира СВР Тетово.

За прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон.

 -На подрачјето кое административно го покрива СВР Тетово, често се забележува зголемен број на појави на возачи кои со нивните возила го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, се паркираат на места каде што не е дозволено такво нешто, како што се зони на крстосници, обележани пешачки премини, тротоари, коловозни ленти почесто и на двоен ред на коловозот и зелени површини.  Во периодот кој следува предвидено е заедно со локалните самоуправи од Тетово и Гостивар да  се преземаат сите мерки и да се засилат активностите за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ подрачја на градовите, а посебно околу санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата. Возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби, кои ќе работат интензивно и со подолго работно време се до касните вечерни часови, соопштија денеска од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово, поради чести појави на сообраќаен метеж, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат совесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.  ас/дма/

фото: МИА архива
 

Остани поврзан