• недела, 22 декември 2024

СВР Охрид: Возило од обезбедувањето на Гаши излетало кај Ново село, тројца повредени

СВР Охрид: Возило од обезбедувањето на Гаши излетало кај Ново село, тројца повредени

Охрид, 6 декември 2024 (МИА) - Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево излетало на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во 10 часот и 45 минути во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.

- По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, стои во соопштението.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. сс/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан