• понеделник, 23 декември 2024

СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари

СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември  годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“.

Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули  запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви.

Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.

Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар. 

Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.ар/лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан