• петок, 22 мај 2026

СВР Битола го утврди идентиетот на убиената жена, сопругот осомничен за убиството

СВР Битола го утврди идентиетот на убиената жена, сопругот осомничен за убиството

Битола, 14 мај 2026 (МИА) - Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола за МИА потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство.

- Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица - потврдија од СВР Битола.

Истражната постапка е во тек, а по целосно документирање на несреќниот случај, во координација со јавен обвинител, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.мт/ар

Фото: МИА

Остани поврзан