• вторник, 27 јануари 2026

Свитолина противничка на Сабаленка во полуфиналето на Австралија опен

Свитолина противничка на Сабаленка во полуфиналето на Австралија опен

Мелбурн, 27 јануари 2026 (МИА) - Украинската тенисерка Елина Свитолина претпладнево ја победи Американката Коко Гоф во четвртфиналето на Австралија опен.

Мечот траеше 59 минути и заврши со резултат 6:1 и 6:2.

Свитолина сервираше четири аса, не направи двојни грешки и реализираше шест од своите седум брејк топки. 

Гоф немаше ас, направи пет двојни грешки и реализираше една од своите две брејк топки.

Во полуфиналето, Свитолина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка.

Грен слемот во Мелбурн се игра за вкупен награден фонд од 74,9 милиони долари. зс/

Фото: ДПА

Остани поврзан