• понеделник, 23 декември 2024

Свечено доделена шампионската титула на женскиот фудбалски клуб ,„Каменица Саса"

Свечено доделена шампионската титула на женскиот фудбалски клуб ,„Каменица Саса
Македонска Каменица, 17 јули 2021 (МИА) - На пригодна свеченост во Македонска Каменица денеска е доделена шампионската титула на женскиот фудбалски клуб ,,Каменица Саса", екипа која втора година по ред го освои шампионскиот пехар во најелитното женско фудбалско натпреварување. Во својата честитка до фудбалерките градоначалничката на М.Каменица, Соња Стаменкова се осврна на претстојниот натпревар во Лигата на шампиони во кој во август, каменичанки ќе се сретнат со женскиот тим на Јувентус, упатувајки порака до љубителите на фудбалот од дијаспората, масовно да ги поддржат каменичанки во рамки на натпреварот на гостински терен во Торино. - Упорноста ја имате, талентот го поседувате, а среќата ги следи најхрабрите. На 18 август 2021, ќе бидеме сите заедно со вас. Од овде ја повикувам дијаспората, масовно физички да биде на првиот натпревар и исто така од тука да се организираме и ќе ја имате нашата најсична поддршка, рече Стаменкова посакувајќи им на фудбалерките многу успех на претстојниот натпревар. Со цел успешно претставување на полуфиналниот турнир во Торино, деновиве каменичанки ги засилија своите редови со Антонина Шопска, напаѓач која воедно е репрезентативка на Република Бугарија. Шопска доаѓа од екипата на Пирин Лејдис, има 20 години, а минатата година беше топ реализатор на Благоевградската екипа со 21 постигнати голови. По доделувањето на шампионскиот пехар, на градскиот стадион во М.Каменица во тек е и пријателскиот натпревар со екипата на ЖФК ,,Плачковица". Натптеварот со италијанскиот првак Јувенстус е закажан за 18 август со почеток во 15:00 часот. в.с/цр

Остани поврзан