• среда, 15 мај 2024

Свеченоста на Оскарите ќе се случи во „Долби театарот“ и на „Јунион стејшн“

Свеченоста на Оскарите ќе се случи во „Долби театарот“ и на „Јунион стејшн“
Лос Анџелес, 19 март 2021 (МИА) - Свеченоста со доделувањето на Оскарите ќе се случи со физичко присуство, без видеоврски преку „Зум“ и други видеоплатформи. Имено, настанот ќе се пренесува истовремено од „Долби театарот“ и од железничката станица „Јунион стејшн“ во Лос Анџелес, поради потребата од поголем простор. Сите номинирани ќе имаат можност за присуство на гала-свеченоста на просторот околу „Јунион“, а останатите елементи на шоуто ќе се случуваат во „Долби театар“. Тие, како и другите учесници, пред свеченоста ќе бидат тестирани на Ковид-19, а ќе има и специјални тимови за запазување на корона-мерките. Доделувањето ќе се случи на 25 април.  си/

Остани поврзан