• недела, 05 мај 2024

Свечена академија по повод Денот на Свети Сава

Свечена академија по повод Денот на Свети Сава

Скопје, 27 јануари 2023 (МИА) – Со централна манифестација, свечена Светосавска академија, вечерва во Македонскиот народен театар ќе биде одбележан националниот празник на Србите во земјава – Денот на српскиот просветител Свети Сава.

Како што информираа од Српскиот културен центар во Скопје, Академијата ќе започне во 19 часот,

На Светосавската академија е предвидено обраќање на високи официјални претставници од државава, како и од Србија и од Република Српска.

Во соопштението се наведува дека со богата културно-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ. бд/сп/

Остани поврзан