Светското првенство во 2034 година може да се одржи во јануари
- Светското првенство во 2034 година со 48 репрезентации би можело за прв пат во историјата да се одржи во јануари, пишуваат британските медиуми.
Ријад, 3 декември 2024 (МИА) - Светското првенство во 2034 година со 48 репрезентации би можело за прв пат во историјата да се одржи во јануари, пишуваат британските медиуми.
Тој турнир треба да го организира Саудиска Арабија, која е најголемиот фаворит на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Засега Светското првенство се уште е предвидено да се одржи во јуни и јули, но во тој момент температурите надминуваат 40 степени.
Покрај тоа, во тој период е Рамазан, верски празник кој го слават муслиманите ширум светот.
Извесно е дека ФИФА добро ќе ја анализира ситуацијата и веројатно ќе посегне по решение како пред две години кога Светското првенство во Катар го префрли во зимскиот термин.
Следното Светско првенство во 2026 година се одржува во САД, Мексико и Канада, а во 2030 година ќе оди во Шпанија, Португалија и Мароко. дс
Фото: Архива