• понеделник, 18 ноември 2024

Светски ден на срцето

Светски ден на срцето

Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Светскиот ден на срцето се одбележува и слави секоја година на 29 септември, со цел да се зголеми свеста за кардиоваскуларните болести и како да се контролираат за да се отстрани и намали нивното влијание во светот.

Срцевите заболувања се најчеста причина за смрт на светско ниво. Се проценува дека годишно, 17 милиони луѓе умираат од вакви причини, објави „Нејшнал тудеј“. Коронарната срцева болест или мозочните удари се главни причини за овие смртни случаи. Повеќе од 80 отсто од случаите со смртен исход се случуваат во земјите со среден и низок приход. Занимливо, главните причини за кардиоваскуларни болести се недоволно вежбање, пушење и лоша исхрана. Економските системи на земјите имаат, исто така, големо влијание во однос на кардиоваскуларните болести - високите цени на лекувањето итн. Но, и обратно - неуспехот или ненавременото третирање на таквите болести, резултира со долги отсуства од работа и губење на продуктивноста. Претседателот на Светската федерација за срце од 1997 до 1999 година, Антони Бајес де Луна ја замислил идејата за Светскиот ден на срцето. Првата прослава на овој светски настан се одржа на 24 септември 2000 година, и до 2011 година, тоа се одбележуваше во последниот ден недела во септември. Над 90 земји учествуваат во ова меѓународно одбележување. Сѐ тоа се покажа како делотворно средство за ширењето научни податоци за срцевите заболувања. Високото ниво на вклученост на владите и здруженијата посветени на тоа е најважно за земјите во развој, кои се силно погодени од овие болести.  си/сд/

Остани поврзан