• вторник, 05 ноември 2024

Светскиот куп во скијачки скокови почнува порано поради Мундијалот во Катар

Светскиот куп во скијачки скокови почнува порано поради Мундијалот во Катар
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) – Одборот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) за скијачки скокови на виртуелен состанок донесе одлука новата сезона да почне порано од вообичаеното и првите натпреварувања да се одржат на 6 и 7 ноември на скокалницата во полска Висла. Оваа одлука мора формално да биде потврдено на Конгресот на ФИС што ќе биде одржан на 25 и 26 мај во Милано. Сезоната со скијачки скокови вообичаено стартува дури на крајот на ноември, а причина за поместувањето на термините е годинешниот ран почеток на Светското фудбалско првенство во Катар, кое место традиционалниот јунски термин ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. - Моравме да го приспособиме календарот поради Светското фудбалско првенство кое ќе почне во ноември. Од тие причини сезоната ќе ја почнеме многу рано и ќе направиме кратка пауза по натпреварите во Висла и Руки, образложи директорот на ФИС за скијачки спортови Сандро Пертиле. ег/ми/

Остани поврзан