• петок, 22 ноември 2024

СБ на ОН утре ќе расправа за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина

СБ на ОН утре ќе расправа за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина
Њујорк, 10 август 2022 (МИА) - Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на инсталацијата. Извори блиски до кинеското претседателство со Советот за безбедност изјавија дека состанокот е закажан за 11 август во 15 часот по локално време. Други дипломатски извори наведуваат дека средбата на претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност ќе се одржи утре попладне на барање на Русија. Русија има право на вето, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, а тоа се Кина, САД, Франција и Велика Британија. Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа „Запорожје“ што од март е под руска контрола. Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денеска ја обвини Русија дека го загрозува регионот околу Запорожје и побара атомската централа да биде вратена под ингеренции на украинските власти. аб/

Остани поврзан