• недела, 22 декември 2024

СБ на ОН не се договори за изјавата за Договорот за извоз на жито и ѓубриво од Украина и од Русија

СБ на ОН не се договори за изјавата за Договорот за извоз на жито и ѓубриво од Украина и од Русија
Њујорк, 28 јули 2022 (МИА) - Советот за безбедност на Обединети нации не успеа да се договори за текстот на изјавата во која се поздравува договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија на светските пазари. Во соопштението од СБ на ОН се истакнуваат заслугите на генералниот секретар Антонио Гутереш и на Владата на Турција за постигнувањето Договорот, чија цел е да се намали заканата од глад низ целиот свет. Норвешка и Мексико со денови работат да го обединат светот во една порака, која го поздравува историскиот Договор за обновување на извозот на жито, храна и ѓубрива преку Црно Море. Жалиме што тоа не беше можно, изјави норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул. Гутереш го опиша договорот како без преседан за две земји во крвав конфликт и „сигнал на надеж“ за милиони луѓе кои се соочуваат со големо зголемување на цените на храната. ми/

Остани поврзан