• сабота, 21 декември 2024

Сањол: Мбапе може да стане крал на Ливерпул

Сањол: Мбапе може да стане крал на Ливерпул
Минхен, 4 јуни 2020 (МИА) - Екс стоперот на Баерн и француската репрезентација, Вили Сањол смета дека одењето во Ливерпул за Килијан Мбапче би бил целосен успех. - Ливерпул има голема предност. Во Клоп има тренер со кој секој фудбалер во светот би сакал да работи. Мбапе би требало да се прилагоди под него. Клоп бара одлична дефанзивна работа од своите напаѓачи, а Мбапе тука сè уште не е добар. Но, тој може да го научи тоа, без сомнеж. Тој ќе стане крал на Ливерпул со Клоп, изјави поранешниот фудбалер за „Билд“. Мбапе неодамна изрази воодушевување од Ливерпул, додека Клоп изјави дека е задоволен од играчите што ги има на располагање, но не ги негираше приказните за трансферот на младата sвезда на „црвените“. Францускиот напаѓач го нарече Ливерпул машина. - Ливерпул е машина оваа сезона во Премиер Лигата. Тимот кога победува изгледа лесно, но никогаш не е лесно. Но, настапите што ги имаат ретко се случуваат. Неговата немилосрдност доаѓа заради многу напорна работа и затоа што има многу добар менаџер, рече Мбапе за „Мирор“. Друг напаѓач за кој Клоп, наводно, се интересира е Тимо Вернер. Младиот Германец е брилијантен во Бундеслигата во дресот на Лајпциг, а „црвените“ нема да го добијат под 50 милиони евра.

Тагови

Остани поврзан