• петок, 17 мај 2024

Сајнц ја освои пол-позицијата на британското Гран при

Сајнц ја освои пол-позицијата на британското Гран при
Силверстоун, 2 јули 2022 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Велика Британија. Шпанецот го извози најбрзиот круг со време 1 минута и 40,983 секунди и ја освои пол-позицијата за прв пат во неговата кариера во Формула 1. Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул (+0,072 секунди заостанување, трет беше тимскиот колега на Сајнц, Шарл Леклер (+0,315). Од 4 – 10. место ќе стартуваат: Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Гуанју Џоу (Алфа Ромео) и Николас Латифи (Вилијамс). Трката за Големата награда на Британија ќе се вози утре со почеток во 16 часот. зс/

Остани поврзан