Сајкоски: Ќе ја градиме Македонија заеднички со граѓаните за сите генерации кои доаѓаат да биде достоинствена и горда
- СООПШТЕНИЕ - Ќе ја направиме Македонија да биде место за живеење онакво какво што заслужуваат нашите граѓани. Верувајте дека темелите што ги градиме денес, ќе ги доставиме трајно да бидат надоградувани за сите генерации кои што доаѓаат после нас за Македонија да биде достоинствена и горда.
6 јули 2025
Почитувани,
Се обврзавме пред вас дека Македонија ќе ја направиме подобро место за живеење. Си ветивме едни на други дека ќе работиме напорно да ја подобриме инфратруктурата, да имаме подобра економија, да имаме развој во сите сектори на општественото живеење.
По доаѓањето на власт, видовме дека оваа поранешна структура остави празен буџет, отави лоша инфратруктруа, остави последици во сите сектори.
Меѓутоа, нашата напорна работа, нашата активност, нашата поветеност ќе донесе резултати. За брзо ќе имаме правна и економска сигурност, имаме држава онаква каква што заслужуваат нашите граѓани.
Во изминатиов период направивме повеќе и во инфраструктурата, направивме да има повеќе и за образование, направивме повеќе да има и за пензионерите, направивме во сите сектори да има плус.
Затоа, верувајте дека ние Македонија ќе ја градиме заеднички со вас. Ќе ја направиме Македонија да биде место за живеење онакво какво што заслужуваат нашите граѓани. Верувајте дека темелите што ги градиме денес, ќе ги доставиме трајно да бидат надоградувани за сите генерации кои што доаѓаат после нас за Македонија да биде достоинствена и горда.
интегрален текст од изјава на Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото:ВМРО-ДПМНЕ