Сајкоски: Повикувам на големо единство и масовна излезеност
- СООПШТЕНИЕ - Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте.
Скопје, 14 април 2024
Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска.
Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места.
Затоа повикуваме на големо единство.
На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме, кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи.
Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.