• понеделник, 10 ноември 2025

Сајкоски: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе промени кои ќе значат економски развој

Сајкоски: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе промени кои ќе значат економски развој

Скопје, 4 октомври 2025

Kрива Паланка ќе има промени. Промените ќе ги донесе новиот градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски и советничката листа којашто ќе победи на овие локални избори. Ние ветуваме дека и градоначалникот и советничката листа ќе работат посветено на многу проекти коишто се потребни за овој прекрасен град, порача во изјава за медиумите генералниот секратар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, што МИА ја пренесува интегрално.

За градот Крива Паланка се потребни нова инфраструктура, подбрена инфраструктура во сите населени места.

Потребен е економски развој, потребно е подобрување и во образованието и во здравството.

Тимот што го предводи новиот градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски, има визија, има цел, има добри конекции со централната власт.

Ова ќе помогне за да имаме и економски развој, за да имаме и добра инфраструктура, но и Крива Паланка да го добие сјајот што го заслужува.

Почитувани жители на Крива Паланка,

Обединете се околу нас, обединете се околу кандидатот за градоначалник, околу советничката листа, на таков начин да  донесеме една голема победа, победа која што ќе значи добар развој и ќе значи дека Крива Паланка ќе се придружи кон сите други општини каде што имаме свои градоначалници, но и силна поддршка од централната власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан