• понеделник, 23 декември 2024

Кибер напад ја нарушува работата на болниците во неколку сојузни држави на САД

Кибер напад ја нарушува работата на болниците во неколку сојузни држави на САД

Вашингтон, 5 август 2023 (МИА) - Поради кибер напад синоќа беа пореметени болничките компјутерски системи во неколку американски сојузни држави, поради што беше суспендирана работата на примарните здравствени служби, објавија локалните медиуми.

Одредени операции, прегледи во клиниките, земање крв и други услуги беа прекинати.

Инцидентот вклучува објекти управувани од Проспект Медикал Холдингс (Prospect Medical Holdings) во Калифорнија, Тексас, Конектикат, Род Ајленд и Пенсилванија.

-Кога дознавме за ова, ги исклучивме нашите системи за да се заштитиме од тоа. Покренавме истрага со помош на експерт за сајбер безбедност од трета страна, се вели во соопштението на компанијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан