Саутгејт одликуван со титула витез
- Поранешниот фудбалски селектор на Англија, Герет Саутгејт, е прогласен за витез.
Лондон, 25 јуни 2025 (МИА) – Поранешниот фудбалски селектор на Англија, Герет Саутгејт, е прогласен за витез.
Титулата витез на Саутгејт, како што јавија англиските медиуми, денеска на церемонија во замокот Виндзор му ја врачи принцот Вилијам.
Саутгејт е одликуван за неговите достигнувања како селектор на репрезентацијата на Англија, која ја водеше до две последователни европски финалиња, како и до полуфиналето на Светското првенство во 2018 година.
Сер Герет Саутгејт е четвртиот англиски тренер со титулата витез по Валтер Винтерботом, Алф Ремзи и Боби Робсон.
„Ова е неверојатна привилегија и прекрасно искуство за мене и целото мое семејство, никогаш не помислив дека ќе бидам толку емотивен“, рече Саутгејт. ег
ФОТО: ЕПА