• недела, 22 декември 2024

Саутгејт би можел да стане фудбалски експерт на „Би-би-си

Саутгејт би можел да стане фудбалски експерт на „Би-би-си

Лондон, 28 јули 2024 (МИА) - Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт би можел да стане фудбалски експерт на телевизија.

Според „Дејли мејл“ медиумскиот сервис „Би-би-си“ сака да го направи 53-годишниот специјалист експерт за фудбалската програма „Меч на денот“. Раководството на ТВ-каналот сака да го спротивстави Саутгејт со поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер, кој го критикуваше селекторот за настапот на англискиот тим на Евро 2024 година. 

Исто така и „ITV“ сака да го покани Саутгејт на соработка.

Саутгејт беше селектор на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Британците одиграа 102 натпревари, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.

На ЕП 2024 Англија го загуби финалето од Шпанија со резултат 1:2. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан