• понеделник, 06 мај 2024

Саундерс: Мане во Баерн ќе ги уништи најдобрите години во неговата кариера

Саундерс: Мане во Баерн ќе ги уништи најдобрите години во неговата кариера
Ливерпул, 18 јуни 2022 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дин Саундерс проговори за трансферот на крилниот напаѓач Садио Мане во Баерн Минхен. - Немам ништо против овој клуб, тој е одличен. Но, на овој шампионат Мане нема да има никакви предизвици. Ќе дава голови, секоја недела тимот ќе победува со 5-0. Само еден клуб може да ја освои Бундеслигата. Ова не е предизвик. Ќе седне на столче, ќе запали пура, ќе излезе да игра за Баерн во трета брзина. Тој ќе може да се опушти две години - и затоа ќе ги уништи најдобрите две години во кариерата. Ако на крајот од кариерата ве повика да го погледнете неговиот шкаф со награди, тогаш медалот од Бундеслигата ќе лежи во неговиот далечен агол. Не ми се верува дека заминува од Ливерпул. Не знам како дојде до ова. Има 30 години, а во последните шест месеци го игра својот најдобар фудбал досега во тимот. На моменти беше незапирлив. Со доаѓањето на Дијаз, тој почна да игра повеќе во центарот, почна се подобро и подобро да ја поврзува играта на тимот. Не можам да разберам како можеше да го напуштиш Ливерпул во вакво време, како можеш, играјќи го најдобриот фудбал во животот и делувајќи како дел од најдоброто напаѓачко трио во неговата кариера, да заминеш во Баерн, рече Саундерс. Трансферот на Мане од Ливерпул во баварскиот клуб чини речиси 50 милиони евра. зс/

Остани поврзан