• вторник, 07 мај 2024

Саудиски Ал Итихад го отпушти Португалецот Санто

Саудиски Ал Итихад го отпушти Португалецот Санто

Ријад, 8 ноември 2023 (МИА) – По серијата слаби резултати, раководните луѓе на саудискиот фудбалски шампион Ал Итихад му врачија отказ на досегашниот тренер, 49-годишниот Португалец Нуно Еспирито Санто.

Ал Итихад, во чии редови најголема ѕвезда е Французинот Карим Бензема, е без победа во саудиското првенство на последните пет натпревари. Во тој период, три пати ремизираа и два пати загубија што доведе да се спуштат на шестото место на табелата.

Од клубот соопштија дека Санто на тренерското место привремено ќе го замени неговиот помошник Хасан Калифа.

Нуно Еспирито Санто дојде во Ал Итихад во мај 2022 година, откако претходно во кариерата ги предводеше Рио Аве, Порто, Валенсија, Вулверхемптон и Тотенхем. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан