• петок, 09 август 2024

Саудискиот крал Салман издаде указ со кој на владата и одобрува да заседава без него или престолонаследникот

Саудискиот крал Салман издаде указ со кој на владата и одобрува да заседава без него или престолонаследникот

Ријад, 8 август 2024 (МИА) - Кралот на Саудиска Арабија Салман издаде кралски декрет со кој се дозволува кабинетот да се состане и во негово отсуство и во отсуство на премиерот, неговиот син престолонаследник Мохамед бин Салман, објавија државните медиуми.

Во мај, 88-годишниот крал беше подложен на медицински третман поради воспаление на белите дробови, што го натера престолонаследникот Мохамед бин Салман да ја одложи подоцнежната официјална посета на Јапонија поради влошената здравствена состојба на кралот.

Една недела подоцна, Салман претседаваше со состанокот на владата, а државната телевизија емитуваше снимки на кои се гледа како тој претседава со состанокот преку видео врска.

Во отсуство на кралот, престолонаследникот или неговите заменици, со кабинетот ќе претседава неговиот највисок член, кој е потомок на таткото на Салман, основачот на Кралството Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Абдулрахман Ал Сауд. Одлуките на кабинетот ќе ги потпишува претседателот, се наведува во кралскиот декрет. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан