• недела, 19 мај 2024

Саудиска Арабија ја осудува израелската копнена офанзива во Газа

Саудиска Арабија ја осудува израелската копнена офанзива во Газа

Ријад, 28 октомври 2023 (МИА) – Саудиска Арабија денеска остро ја критикуваше израелската воена кампања во Појасот Газа, откако Израел ги прошири своите копнени операции, поддржани од масивни воздушни напади во густо населениот појас.

- Саудиска Арабија ги осудува сите копнени операции извршени од Израел бидејќи тоа ќе ги загрози животите на палестинските цивили и ќе ги изложи на дополнителни опасности и нечовечки услови, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на монархијата.

Саудиска Арабија со „екстремна загриженост ја следи израелската воена ескалација“ во Газа поради копнените операции, се додава во соопштението.

Оваа земја богата со нафта предупреди дека „еклатантните и неоправдани прекршувања“ против Палестинците ќе предизвикаат „опасни реперкусии“ врз регионалната и меѓународната безбедност.

Ријад, кој се смета за клучен поддржувач на Палестинците, ги прекина разговорите за можна нормализација на односите со Израел поради бомбардирањето во Газа, потсетува ДПА. јт/

Остани поврзан