Саудиска Арабија потврди дека цели на Иран биле Ријад и источниот регион
- Саудиското Министерство за надворешни работи во соопштение потврди дека цели на Иран денеска биле Ријад и источниот регион на кралството, додавајќи дека нападите биле одбиени.
Ријад, 28 февруари 2026 (МИА) – Саудиското Министерство за надворешни работи во соопштение потврди дека цели на Иран денеска биле Ријад и источниот регион на кралството, додавајќи дека нападите биле одбиени.
„Овие напади не можат да се оправдаат под никаков изговор или на кој било начин, а се случија и покрај тоа што иранските власти знаеја дека Кралството потврди дека нема да дозволи неговиот воздушен простор и територија да се користат за гаѓање на Иран“, се додава во соопштението. јт/