• сабота, 11 мај 2024

Саудиска Арабија повторно ја отвори својата амбасада во Техеран

Саудиска Арабија повторно ја отвори својата амбасада во Техеран

Ријад, 9 август 2023 (МИА) - Саудиска Арабија повторно ја отвори својата амбасада во Иран, по повеќе од седум години спор со Техеран, објави иранската новинска агенција Ирна.

Повторното отворање на амбасадата доаѓа по подобрените односи меѓу двата ривали од Блискиот Исток и неочекуваниот договор со посредство на Кина потпишан на 10 март за обновување на односите.

Техеран и Ријад ги прекинаа односите во 2016 година, откако демонстрантите ги нападнаа саудиските дипломатски претставништва во Иран поради егзекуцијата на шиитски свештеник од страна на Ријад.

Иран повторно ја отвори дипломатската мисија во Ријад на 6 јуни, со официјална церемонија. Техеран назначи и амбасадор, додека Ријад се уште не го сторил тоа во Иран. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан