• петок, 22 ноември 2024

Сар стана Баварец минути пред да затвори пазарот

Сар стана Баварец минути пред да затвори пазарот
Минхен, 4 октомври 2020 (МИА) - Една минута пред да се затвори пазарот во Германија (19 часот), Баерн (Минхен) го официјализираше четвртиот влезен трансфер во последните два дена. Се работи за десниот дефанзивец Буна Сар од Марсеј. За него ќе бидат платени 10 милиони евра, а самиот договор на фудбалерот е за четири сезони. Од вчера, Минхен потпиша и со Марк Рока, Даглас Кошта и Ерик Максим Чупо-Мотинг. Баварците се свртеа кон 28-годишниот Сар откако претходно договорениот Сержињо Дест избра да оди во Барселона. Буна Сар е дете на Мец и помина пет сезони во Марсеј. Неговиот татко е Сенегалец, неговата мајка е од Гвинеја, а роден е во Франција. Дефанзивецот веќе одби да игра и за Сенегал и за Гвинеја, откако нема натпревари за ниту една репрезентација.

Тагови

Остани поврзан