Сар: Европската антисемитска пропаганда доведе до убиството на израелските дипломати во Вашингтон
- Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар обвини неименувани европски претставници за „токсична антисемитска пропаганда“ која довела до убиство на двајца вработени во Амбасадата на Израел во Вашингтон
Тел Авив, 22 мај 2025 (МИА) – Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар обвини неименувани европски претставници за „токсична антисемитска пропаганда“ која довела до убиство на двајца вработени во Амбасадата на Израел во Вашингтон.
Тој не наведе конкретно име или држава, но истакна дека непријателската клима кон Израел е причина за вчерашното убиство на вработените во Амбасадата, Јарон Лишински и Сара Лин Милгрим пред Еврејскиот музеј во Вашингтон.
- Постои директна поврзаност помеѓу антисемитската и антиизраелската пропаганда и ова убиство. Оваа пропаганда ја шират и лидери и функционери од многу земји и организации, особено од Европа, истакна Сар. ми/
фото: