• недела, 22 декември 2024

Сари одби да го преземе Панатинаикос

Сари одби да го преземе Панатинаикос

Атина, 4 јуни 2024 (МИА) - Маурицио Сари одби да го преземе Панатинаикос, пренесе трансфер гуруто Џанлука Ди Марцио. Пред неколку дена 65-годишниот Италијанец доби понуда да го води клубот од Атина, но неговиот конечен одговор бил „не“.

ПАО е во потрага по тренер по разделбата со турската легенда Фатих Терим, кај кого тимот заврши на четвртото место во лигата. Тимот не ја освоил титулата во Грција цели 14 години.

Сари последен пат беше на чело на Лацио, но си замина во март по скандалот со претседателот Клаудио Лотито. Тој самиот призна дека добил бројни понуди, меѓу кои и такви од екипи од Премиер лигата на Англија и шпанската Ла Лига. дс

Фото: Архива

Остани поврзан