• недела, 22 декември 2024

Сара Ерани и Јасмин Паолини се олимписки шампиони во двојки

Сара Ерани и Јасмин Паолини се олимписки шампиони во двојки

Париз, 4 август 2024 (МИА) - Италијанките Сара Ерани и Јасмин Паолини се олимписки шампионки во двојки во женска конкуренција.

Во финалето Италијанките беа подобри од Русинките Мира Андрејева и Дијана Шнајдер кои настапуваат под знамето на независните спортистки.

Ерани и Паолини славеа по тајбрејкот на мечот – 2:6, 6:1, 10:7.

Првиот сет им припадна на Русинките, во вториот Италијанките беа уште поубедливи.

На крајот, мечот го реши само еден мини брејк - Италијанките направија три, а Русинките два. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан