• среда, 25 декември 2024

Сарамандов најави изградба на нова градинка и реконструкција на објектот „Партизан“ во Гевгелија

Сарамандов најави изградба на нова градинка и реконструкција на објектот „Партизан“ во Гевгелија

Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов најави дека во програматa за претстојните локални избори ќе посвети посебно внимание на создавање подобри услови за живеење на младите од Гевгелија.

Изградба на нова детска градинка во Урбан блок 7 и реконструкција на спортскиот објект ДТВ „Партизан” од Гевгелија, како што посочи Сарамандов, се приоритети во неговата програма.

Според Сарамандов, со изградбата на нова детска градинка во Урбан блок 7 ќе обезбедат доволно места за згрижување на најмладите од Гевгелија.

-Реконструкцијата на  ДТВ „Партизан” со должно внимание и респект кон резултатите и спомените на неколку генерации гевгеличани од неговото работење. Тука се направени првите обиди во гимнастиката, каратето, во кик-боксот, во пинг-понгот и тука се направени првите успеси на спортистите од Гевгелија. Со неговата обнова, ќе се создаде поширок амбиент за дружење и социјализација на најмладите. Да создадеме нова иднина, преку промени, проекти и нови победи, истакна Сарамандов. бт/ац/

Остани поврзан