• понеделник, 23 декември 2024

Сан: Џонсон подготвен да се повлече од преговорите со ЕУ

Сан: Џонсон подготвен да се повлече од преговорите со ЕУ
Лондон, 7 декември 2020 (МИА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е подготвен да се повлече од преговорите со Европската унија доколку ЕУ не ги исполни британските барања, објави весникот „Сан“. „Тој денеска ќе и соопшти на ЕУ дека не е за нагли потези, бидејќи е цврст во својата позиција дека е против единаесетчасовните барања за Брегзит што пристигнаа од Франција“, пишува „Сан“. Од неговиот Кабинет изјавиле за весникот дека премиерот ќе ги прекине разговорите доколку ЕУ одбие да отстапи од „нечуените“ барања. Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Борис Џонсон попладнево телефонски ќе разговараат за трговскиот договор. паг/

Остани поврзан