• четврток, 26 март 2026

Сан Антонио ги победи Лејкерси во четвртфиналето на НБА Купот

Сан Антонио ги победи Лејкерси во четвртфиналето на НБА Купот

Лос Анџелес, 11 декември 2025 (МИА) - Сан Антонио ги победи Лос Анџелес лејкерс утрово во четвртфиналето на НБА Купот со 132:119. Натпреварот се одигра во Лос Анџелес.

Ниту 35 поени на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не беа доволни Лејкерс да го избегнат поразот.

Сан Антонио ќе се соочи со Оклахома Сити во полуфиналето.

Во другото полуфинале ќе играат Орландо меџик и Њујорк никс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан