• понеделник, 04 ноември 2024

Санчез ќе ги пропушти првите натпревари на Удинезе оваа сезона

Санчез ќе ги пропушти првите натпревари на Удинезе оваа сезона

Удине, 21 август 2024 (МИА) - Повторното деби во дресот на Удинезе, Алексис Санчез е одложено бидејќи Чилеанецот заработи повреда, објавија од тимот.

Според информациите, Чилеанецот има повреда на миофасцијалниот мускул на левата нога, здобиена на тренинг. Не е јасно колку точно ќе отсуствува 35-годишниот Санчез, но сигурно ќе го пропушти почетокот на сезоната. Тој ќе ги пропушти претстојните натпревари против Лацио и Комо, како и дуелите на Чиле против Аргентина и Боливија.

Најлошите прогнози се дека Чилеанецот би можел да отсуствува неколку месеци.

Алексис Санчез се врати во Удинезе ова лето, 13 години по неговиот прв период во клубот. По заминувањето од тимот од Удине играше за гиганти како Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Марсеј. дс

Фото: Х/Удинезе

Остани поврзан