• понеделник, 25 ноември 2024

Санкционирани 160 возачи во Скопје

Санкционирани 160 возачи во Скопје
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече160 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за возење под дејство на алкохол. Како што информираат утрово од МВР, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за некористење сигурносен појас... Засилените акциски контроли продолжуваат. дма/сст/

Остани поврзан