• понеделник, 25 ноември 2024

Санкционирани 89 возачи на територијата на СВР Штип поради брзо возење

Санкционирани 89 возачи на територијата на СВР Штип поради брзо возење
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) - СВР Штип денеска од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР. дма/рп/

Остани поврзан