• понеделник, 25 ноември 2024

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје-Велес поради брзо возење

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје-Велес поради брзо возење
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) - Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив, 40 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи. Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. рп/дма/

Остани поврзан