• среда, 03 јули 2024

Санкционирани 75 возачи во Сарај, девет без возачка

Санкционирани 75 возачи во Сарај, девет без возачка
Скопје, 1 април 2021 (МИА) - На територијата на Сарај во тект на вчерашниот ден изречени се 75 мерки меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за користење мобилен телефон. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се и осум мерки за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за непрописно престројување. - Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР. мс/дма/

Остани поврзан