• понеделник, 25 ноември 2024

Санкционирани 55 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Санкционирани 55 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола
Скопје, 20 јули 2021 (МИА) - При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола денеска од 14 до 19 часот санкционирани се 55 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта. аа/дма/

Остани поврзан