• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 33 лица за пребрзо возење на територија на СВР Тетово

Санкционирани 33 лица за пребрзо возење на територија на СВР Тетово
Скопје, 22 јануари 2022 (МИА) - На територијата на СВР Тетово денеска, во периодот од 08.00 до 20.00 часот, спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 33 возачи. Од нив 20 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР истакнаа дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведоа од МВР.см/

Остани поврзан