• недела, 22 декември 2024

Санкционирани 20 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

Санкционирани 20 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

Скопје, 4 февруари 2024 (МИА) - Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2024) во периодот од 22:00 до 04:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Како што информираат утрово од МВР, при контролата санкционирани се 20 возачи, од кои девет во Битола, девет во Прилеп, двајца во Ресен, а откриени биле и 10 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.  МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан