• понеделник, 23 декември 2024

Санкции за 17 пијани возачи на територија на СВР Тетово 

Санкции за 17 пијани возачи на територија на СВР Тетово 
Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска од 22 до 4 часот, спроведоа акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. Во контролата откриени се вкупно 17 прекршоци, односно возачи под дејство на алкохол (ТЕ-15 и ГВ-2). - Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.Со соодветни поднесоци санкционирани се и уште 15 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-9 и ГВ-6), информираа од МВР. СВР Тетово апелира до возачите да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол затоа што на тој начин ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. цр/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан