• недела, 22 декември 2024

Санирана и обновена хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров

Санирана и обновена хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во рамки на големата пролетна акција во општина Ѓорче Петров денеска ги санираа оштетувањата во асфалтот на улицата „Алексо Демниевски“ во површина од 20 метри квадратни, информираа од ЈП „Улици и патишта”. - Одговорните екипи за одржување на сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници во текот на изминатата ноќ обележаа четири автобуски постојки на улицата Ѓорче Петров спроти СП Планет и на булеварот Партизански Одреди спроти пазарчето во општина Ѓорче Петров, соопштија од градското претпријатие за улици и патишта. По налог на Град Скопје екипите продолжуваат со извршување на останатите активности на улиците и булеварите во општина Ѓорче Петров кои се предвидени во работната акција во оваа општина. оџ/цр

Остани поврзан