• петок, 05 декември 2025

Сандерленд е подготвен да му ја даде капитенската лента на Џака

Сандерленд е подготвен да му ја даде капитенската лента на Џака

Лондон, 30 јули 2025 (МИА) - Сопственикот на Сандерленд, Кирил Луис-Драјфус, лично го убедил Гранит Џака да се пресели од Баер во англискиот клуб, објавува „Блик“.

Триесет и двегодишниот Швајцарец ќе добива плата од 75 илјади фунти неделно во англискиот клуб, а воедно ќе биде и нов капитен на тимот.

Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека Сандерленд ќе плати 20 милиони евра за Џака, и покрај фактот дека главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, е против заминувањето на играчот.

Во сезоната 2024/25, Џака одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан