• петок, 05 декември 2025

Само бод за Интер на дуелот со Монтереј на Светското клупско првенство

Само бод за Интер на дуелот со Монтереј на Светското клупско првенство

Пасадена, 18 јуни 2025 (МИА) – Без победник, 1:1 заврши натпреварот на Интер со Монтереј одигран рано утрово во Пасадена.

Ова беше дуел од првото коло во групната фаза на Светското клупско фудбалско првенство 2025 година.

Дефанзивецот Серхио Рамос, кој претходно играше за ПСЖ и Реал, во 25. минута постигна гол за Монтереј, за Интер погоди Лаутаро Мартинез во 42. минута. 

По првото коло Монтереј и Интер ги делат 2. и 3. место на табелата во групата Е. Ривер Плата води со 3 бода. Урава е последна без освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан