Самохрани родители и лица во социјален ризик во Неготино учеа да подготвуваат рачни изработки за продажба
- Самохрани родители и лица во социјален ризик во Неготино денеска учеа да подготвуваат рачни изработки за продажба, со цел стекнување вештини со кои ќе можат во иднина да заработуваат финансиски средства.
Неготино, 5 септември 2025 (МИА) - Самохрани родители и лица во социјален ризик во Неготино денеска учеа да подготвуваат рачни изработки за продажба, со цел стекнување вештини со кои ќе можат во иднина да заработуваат финансиски средства.
Настанот беше во организација на регионалниот еколошки центар „Ековита" кој повеќе години работи на еко проекти преку реализација на македонски и меѓународни проекти за заштита на животната средина.

- Всушност, денеска им презентирав на сите учесници на настанот, како да изработуваат украсни и мирисливи свеќи и глицерински сапуни, да ги промовираат најпрвин на саеми во земјава и надвор од неа, а најталентираните подоцна да имаат можност и да заработуваат преку еден ваков мал семеен бизнис, појасни за МИА Кристина Тодорова, координатор на активностите.
Настанот беше во рамките на проектот INNOHUB, што се реализира со подгрант, преку регионалниот проект EICEE, кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора. свд/хс/
Фото: МИА