• петок, 05 декември 2025

Самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак на „БитФест“

Самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак на „БитФест“

Битола, 5 август 2025 (МИА) - Младиот уметник од Битола, Константин Солак вечер на „БитФест“ ќе ја промовира првата самостојна изложба „Декларација на вредност“.

Станува збор за изложба на слики, цртежи и фотографии, кои до 15 август ќе бидат изложени во културниот центар „Магаза“.

Константин Солак (19) е првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Учествувал на бројни конкурси и е добитник на награди за авторски фотографии, слики и кратки филмови.

Од прес центарот на битолско културно лето „БитФест“ соопштија дека младиот уметник Константин Солак работел на повеќе проекти во соработка со здруженија и амбасади, меѓу кои амбасадите на Италија и Холандија. мт/дма/


Фото: Општина Битола

Остани поврзан