• среда, 13 ноември 2024

Самостојна изложба на Марија Чепишева во „КО-РА“

Самостојна изложба на Марија Чепишева во „КО-РА“

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Во галеријата „КО-РА" - нов салон вечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева, академски графичар и графички дизајнер.

Како што информираат од „КО-РА“, делата на Чепишева се работени во фузија на повеќе експериментални техники, често и со богата колажна структура.

-И овој циклус, како и нејзините графики, ги артикулира силна колоритна експресија  која ги детерминира нејзините расположенија  и го одразува  дијалогот со генезата на појавната  и непојавна стварност кои коегзистираат во заемна корелација..., се наведува во најавата за самостојната изложба. 

Марија Чепишева дипломирала во класата на Димитар Малиданов, а магистрирала на постдипломски студии во класата на академик проф. д-р Фехим Хусковиќ.

Чепишева е добитничка на наградата на ДЛУМ за најдобара графика, како и на откупната награда на НБУЦ „Климент Охридски“. хс/цр/

Фото: „КО-РА“

 

Остани поврзан